Стечајците најавуваат граѓанска непослушност
Кумановските стечајци наместо да оддржат редовен понеделнички состанок денеска излегоа на протест и повторно да го блокираат излезот на градот.
Од 11 до 13 часот на раскрсницата кај пумпата на Макпетрол, поранешните работници го изразија својот револт од нерешениот статус и најавија радикални мерки. На премиерот му дадоа рок до 16 февруари да седне на преговарачка маса, во спротивно ќе покажат граѓанска непослушност.
Гледаме се промовираат кандидати од владејачка партија, нема ниту еден збор за стечајни работници. Ако не ни помогне јас гарантирам дека ниту еден стечаен работник нема да гласа за неговиот кандидат. Имаме куп извршители, судски пресуди, не можеме да се справиме со нив. Затоа го прашувам Груевски дали може да ги одлежиме комуналните такси и тужбите за струја. Ќе има ли место за стечајни работници во затвори. - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Таа вели дека сегашната власт, ги поделила во 2008 година, и петта година ги игнорира.