Мени

Стечајците најавуваат протест за понеделник

22.02.2013 09:54 | KumanovoNews

 Стечајните работници во понеделник од 11 до 13 часот ќе го блокираат излезот кон Скопје затоа што се незадоволни од односот на власта кон нивниот проблем.

Стечајците најавуваат протест за понеделник

 Сите стечајни работници ќе протестираат во своите градови, бидејќи немаме пари да платиме  автобус да одиме во Скопје и да го изразиме нашиот револт. Ќе протестираме затоа што секој се бори за фотелја, а ние сме на улица. Единствена причина е дека си ги бараме нашите права и нема да се откажеме. Јас мислам дека треба да се затвори ова горчливо прашање на стечајни работници и технолошки вишок затоа што тие своевремено придонесуваа, ја градеа државата и сега во никакви години со стаж зад себе, да останат на улица нема логика. Имаме нови членови стечајци, и се надеваме дека со масовноста ќе успееме - изјави Лилјана Ѓеоргиевска, претседател на УНИТ.

Таа вели дека за последниве два месеци добиле над 100 нови членови, дел стари стечајни работници кои заради неинформираност не им се приклучиле и нови од фирми кои проаѓаат. Меѓу новите членови има поранешни работници од “Житомел“ и “Монопол“. Бројката на стечајци во Куманово е околу 1600, а во Македонија ги има над 8000.

Истовремено низ Македонија стечајците ќе протестираат пред судовите, општините во градовите каде живеат.