Стечајците очекуваат социјален дијалог со Владата
По вчерашните протести во Скопје стечајците биле примени од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и за една седмица ќе знаат дали ќе има социјален дијалог со Владата.
Дебатиравме и бевме сфатени дека имаме проблем. Оставивме простор да седнат, да размислат, да најдат некој начин и да се создаде социјален дијалог. Тоа беше наш предлог и ни ветија дека ќе му пренесат на премиерот и на ресорните министри. До следниот петок ќе знаеме дали ќе се одвива социјален дијалог или ќе бидеме отфрлени од нивна страна. Понудивме предлог - закон да го гласаат можат или да дадат сугестии, да се договориме. Имаат право тие да предложат предлог - закон за обештетување или нашиот да го изменат, дополнат - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Ако Владата остане глува за барањата на стечајците, тие со шатори пред Влада ќе протестираат за да ги остварат своите права.