Мени

Стечајците пак го блокираа излезот на Куманово

14.01.2013 13:14 | KumanovoNews

 Стечајните работници денеска повторно го блокираа патот кон Скопје, во знак на револт што власта не покажува интерес за решавање на нивниот проблем.

Стечајците пак го блокираа излезот на Куманово

Тие велат дека се оставени без корка леб, иако се зборува дека здравството е бесплатно, на лекар не можат да појдат без пари, а немаат никакви шанси за повторно вработување заради возраста. Стечајците го повикуваат премиерот Никола Груевски да ги обештети, бидејќи со години работеле и придонесувале за државата.

 Плачеа за буџет, еве донесен е ама нема ништо за нашето обештетување. Дали не сме големо гласачко тело па повеќе внимание им посветува на пензионерите и земјоделците. Не туркаат таму каде што не сакаме да бидеме. Ние не можеме да се вработиме, ниту да дојдеме до пари. За да не се справува со нас по улици нека ни го решат проблемот.Да го обештетат овој јаден и гладен народ- рече Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

 Од општинската организација на СДСМ неколку членови се придружија на протестот за да им дадат поддршка на стечајците.

 Дел од нас сме тука да дадеме поддршка на овој мирен протест. Со години не може да се реши статусот на стечајните работници. Овие луѓе се девалвирани, но тие се борци за своите права, тие се на браникот на незадоволството од ова општество - изјави Мартин Костовски, секретар на СДСМ Куманово.

Стечајците најавија поригорозно делување доколку институциите немаат слух за нивно обештетување.