Стечајците привремено ги собраа шаторите
Стечајните работници од УНИТ, кои вчера протестираа пред Синдикатот, го пролонгираа протестот додека добијат дозвола од Град Скопје за поставување на шаторите во паркот Жена борец.
Дел од стечајците ја поминале ноќта на улица во Скопје, но поради дождот и нарушено здравје предпладнево се вратиле во Куманово.
До 10 часот бевме тамо, но одлучивме протестот да го ставиме во мирување додека да добиеме дозвола за поставување на шатори. Иста така се повлековме затоа што ноќта беше многу ладна и врнеше дожад, а и од безбедносни причини поради најавените протести за денеска. Од понеделник-вторник ќе ги поставиме шаторите и ќе останеме во нив се до остварување на нашите барања-вели претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска.
Георгиевска додава дека единствено нивно барање е усвојување на нивниот предлог-закон за обешететување на стечајните работници.