Стечајците се потпишаа за поевтина струја
Над двесте стечајци денеска во просториите на ДИК се потпишаа на петицијата која ја распиша граѓанската иницијатива “Аман“ за враќање на ефтината тарифа на струјата.
- Ние не сме директно вклучени во иницијативата, ние сме поддржувачи. Засегнати сме со тој проблем. Мислам дека со 10.000 потписи ќе влезе во собраниска процедура и ќе се соберат 10.000 потписи. И пратениците треба да најдат разбирање и кој ќе оди против себе, не би требало некој да прави нешто против себе. Се надевам дека нешто ќе направат за да ни бидат помали сметките. На сите ни се сметките повисоки за 1000 денари, што ДДВ, што 33 отсто моќност. Вакво нешто е потребно да се направи и сите стечајни работници од Македонија се вклучени бидејќи немаме егзистенција - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
На вториот ден од почетокот на акцијата за собирање на потписи, собрани се над 330 потписи.