Штрајкот на лекарите се радикализира?
48 лекари специјалисти од Општа болница Куманово штрајкуваат, а на одделите за хирургија, анестезија, инфективно се примаат само итни случаи.
Од утре штрајкот на лекарите ќе се радикализира, поради што ќе работи една амбуланта и ќе се примаат само итните случаи.
- Откако трае штрајкот направени се само три операции. Јавноста треба да знае дека не работиме и да не доаѓаат пациентите за терапија. Се што може да почека ќе се одложи. И од примарна медицина се информирани колегите да не издаваат упати. Интерни препораки се издадени до началниците, и треба штрајкот да се радикализира. Наредбата од Скопје од клинички синдикат е тоа да се случи денеска, но ќе видиме најверојатно ќе биде од утре, зависи од амбулантите и какво е расположението. Ние од лекарската фела треба да се држиме заедно бидејќи само така ќе ги оствариме нашите барања - вели Билјана Анастасовска, претседател на локалниот штрајкувачки синдикат.
Таа објаснува дека штрајкот трае веќе 12 дена, а само десетина специјалисти не дале поддршка на штрајкот.