Странци истепале момче во Ваксинце
31.07.2013 13:40
| KumanovoNews
Двајца српски државјани пред два дена истепале жител на Ваксинце откако го качиле во нивното возило.
Инцидентот се случил во селотo Ваксинце, кога Д.М.(31) и О.Х.(26) го викнале Ф.Д.(16) да влезе во нивиот автомобил. Додека го возеле низ селото физички го нападнале, удирајќи го по телото. Момчето по кратко време успеало да ја отвори вратата и да избега.
Двајцата насилници ќе одговараат за противправно лишување од слобода.