Странски волонтери ќе прават хепенинг на плоштад
22.05.2014 09:22
| KumanovoNews
Странски волонтери дојдени на размена во невладината “Стритс фестивал“ во сабота од 12 до 15 часот ќе организираат хепенинг на Градскиот плоштад.
Тие ќе изведат уличен танц, ќе жонглираат, ќе цртаат маски на лицата на децата. Хепенингот е завршен настан од проектот “Граѓанство и инклузија на отворено“.
Волонтерите од Франција, Полска, Турција и Португалија претходно се дружеа со децата од Старо Нагоричане, Липково и Средорек.