Мени

Странски волонтери ќе танцуваат низ клубовите

29.04.2014 09:22 | KumanovoNews

Волонтери од повеќе земји кои се на размена во невладината организација “Стритс фестивал“ подготвуваат танц со кој ќе настапат во неколку клубови во градот.

Странски волонтери ќе танцуваат низ клубовите

   - Се работи за улична уметност и сето тоа е комбинација на она што можат да го сработат. Тоа што го можат и го имаат во себе како квалитет. Овие денови треба да настапат во клубови, а  утре се на “Глобал вилиџ“ во Скопје. Мора да биде така затоа што сакавме да ја прошириме идејата на повеќе места, да не се задржиме само на едно место бидејќи различни луѓе излегуваат на различни места - вели Драгана Стојчевска, надворешен соработник на “Стритс фестивал“.

Волонтерите од Турција, Португалија, Полска, Франција и Италија  дополнително ќе изведат уличен танц и на Градскиот плоштад.