Стратегија за развој на Куманово и Ќустендил
Во рамките на проектот "Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка помеѓу Ќустендилскиот регион и Североисточниот плански регион", кој се реализира преку програмата за прекугранична соработка, надлежните од двата региони, денеска информираа дека започнале со креирање на економски развоен интернет портал.
Овој портал ќе се користи како севкупна дата база која ќе ги интегрира сите релевантни информации за економските активости во двата региона.
"Веќе е спроведена тендер процедура за избор на фирма која ќе биде задолжена за спроведување на бизнис анкетните проучувања, креирање на бизнис анкетен прашалник, спроведување на бизнис анкетни анализи во приближно 400 претпријатија, по 200 од секој регион. По спроведените бизнис анкетни во претпријатијата ќе добиеме финален извештај за состојбата со бизнис секторот во двата региони и резултатите од овој извештајот ќе бидат презентирани и дискутирани на економскиот форум во Куманово"-вели Ирена Цопа од Центарот за развој на североисточниот плански регион.
Даниела Гoдинова од Ќустендилскиот регион додава дека, клучно за бизнис соработката и изработување на Стратегија за соработака во која ќе се вклучат бизнисмените од двете страни на границата, заради поголема соработка и развој на двата региони.
Во рамки на проектот е планирана и Стратегијата за меѓугранична економска соработка, а во декември, годинава ќе се организира и економски форум во Куманово. Главната цел на овој економски форум е воспоставување на контакти помеѓу бизнис и јавниот сектор во двата региони и зголемување на личните и институционалните капацитети за соработка. затоа ги повикувам бизнисмените да дадат свои предлози, сугестии и очекувања, заради поставување на приоритетите на двете бизнис зедници- рече Годинова.