Мени

Стручно образование за возрасни во “Киро Бурназ“

15.03.2013 12:02 | KumanovoNews

 Од наредниот месец возрасни невработените лица ќе имаат можност да следат обуки за стручно оспособување во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

Стручно образование за возрасни во “Киро Бурназ“

Курсевите ќе бидат за пекари и помошници - козметичари и ќе траат четири месеци.

 Два месеци ќе има теорија во училиштето, а потоа следат уште два месеци пракса. Ова е владина мерка, луѓето се пријавуваат во Агенција за вработување за обуките. Во двете групи ќе има по десетина учесници. По завршување на обуката невработените ќе добијат диплома која ја признава Агенцијата за вработување и се признава секаде - вели Горан Јовановиќ, директор на “Киро Бурназ“.

Во ова средно училиште и досега многу возрасни луѓе се преквалификувале и добиле сертификати со кои можат да си обезбедат вработување.