Мени

Сугерирал при гласање и го фрлил избирачкиот список

24.03.2013 14:38 | KumanovoNews

 На избирачко место во ОУ “Наим Фрашери“, денеска имало инцидент при што момче го фрлило избирачкиот список на подот.

Сугерирал при гласање и го фрлил избирачкиот список

Д.С.(27) на својата мајка и сугерирал како да гласа, по што членовите на избирачкиот одбор го опоменале и сакале случајот да го забележат во записник. Тој бурно реагирал и го фрлил избирачкиот список на подот. Д.С полицијата го отстранила од избирачкото место и против него се поднесени две кривични пријави.

Тој ќе одговара за “повреда на слобода на определување на избори“ и “спречување на избори и гласање„.