Мени

Св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани

20.05.2014 07:55 | KumanovoNews

24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј е неработен за сите граѓани.

Св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 24 мај 2014 година (сабота), Св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.   

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.