Мени

Свечени литургии за велигденските празници

02.05.2013 14:06 | KumanovoNews

 Направен е распоредот на литургиите, кои во наредните денови ќе се држат во црквите во Куманово.

Свечени литургии за велигденските празници

Вечерва во 19 часот во црквата Света Троица ќе се одржи бдеење со читање на 12 - те евангелија и изнесување на Светиот Крст од митрополитот Полошко - Кумановски господин Кирил, а во Свети Никола во 20 часот.

На Велики Петок литургија во црквата Свети Никола ќе започне во 7 часот наутро. Вечерното богослужение со изнесување на свечена плаштаница ќе биде утре во 15 часот, а бдеењето со погребување на Христос ќе биде во 19 часот во истиот храм.

На Велика Сабота света литургија за Свети Василиј Велики ќе се оддржи во 8 часот во црквата Света Троица.

На првиот ден од Велигден на полноќ ќе има воскресна литургија на Свети Јован Златоуст во стара црква. Света божествена литургија на Свети Јован Златоуст ќе има истиот ден и во 8 часот.

На вториот ден од Велигден кој се совпаѓа со Ѓурѓовден, во манастирот Свети Ѓорѓи ќе богослужи епископот Јосиф Лешочки во 8.30 часот.

На третиот ден од Велигден света божествена литургија на  Свети Јован Златоуст ќе започне во 8 часот.