Мени

Свечено ќе се одбележи Денот на крводарителите

12.06.2013 09:18 | KumanovoNews

 По повод 14 јуни - Денот на крводарителите, утре Црвениот Крст Куманово организира крводарителска акција во Центарот за култура од 10 до 14 часот.

Свечено ќе се одбележи Денот на крводарителите

 Ги повикуваме сите крводарители да дојдат, бидејќи по завршување на крводарителската акција ќе има свеченост на која најдобрите крводарители ќе бидат наградени. Благодарници ќе има за јубилејните крводарувања, и тоа 5, 10, 25, 50, 75 и 100 - вели Ива Младеновска од Црвен Крст.

На настанот се повикани 300 крводарители од градот.