Мени

Свечености по повод Денот на ослободување на Куманово

06.11.2013 10:08 | KumanovoNews

 По повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, Општината организира низа свечености, културни и спортски настани.

Свечености по повод Денот на ослободување на Куманово

Драмската секција на Здружението на пензионерите вечерва ќе ја изведе претставата “Р“ од Јордан Плевнеш во МКЦ. Денеска и утре се организира турнир во мал фудбал “11 Ноември“ за пехар  на градоначалникот во организација на Општински сојуз на спортови, а натпреварите ќе се играат во Спортската сала во 19 и 20 часот. Во Уметничка галерија во петок во 19.30 часот ќе се отвори Ликовна изложба на кумановски ликовни уметници.

Отворен турнир во пинг - понг “Куманово 2013“ ќе се оддржи во сабота во Гимназија “Гоце Делчев“ со почеток во 10 часот. Истиот ден на 9 ноември се организира манифестацијата Празијада во село Режановце со почеток во 11 часот.

Во недела е Меѓународен Куп на спортско риболовство “11 Ноември 2013“ на езеро Гогомон во 10 часот. Настанот го организира ЗСР “Пчиња“. Истиот ден ќе има и вело крос, а вечерта на Градскиот плоштад во 20.30 часот, ќе настапи хрватската пејачка Јелена Розга. Предходница на Розга ќе биде настапот на неколку локални музичари. Концертот ќе трае два часа, по што ќе следува спектакуларен огномет.

На 11 ноември во понеделник во 11 часот ќе се посети Спомен Костурницата, а Советот на Општина Куманово истиот ден ќе има и свечена седница.

Во вторник во 12 часот свечено ќе биде пуштена во употреба чешмата која ја гради заменик градоначалникот на Истанбул, Ѓоксел Ѓумушдаг кој по потекло е од Куманово.