Мени

Свети Сава неработен ден за Србите

25.01.2013 10:44 | KumanovoNews

 Согласно Законот за празниците, 27 јануари 2013 година (недела), Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Свети Сава неработен ден за Србите

Свети Сава бил првиот српски архиепископ, човекот кој ја осамостоил Српската православна црква, прв поглавар на таа Црква, а во исто време бил прв српски учител којшто основал манастири и школи во средновековна Србија. Негово име било Растко Немањиќ, а тој бил царски син. Неговиот татко му понудил да биде крал или кнез на Србија, но тој одбил и со група руски калуѓери заминал на Света Гора во манастирот Хиландар, се замонашил и го добил црковно име Сава. Починал во Велико Трново во Бугарија. Прогласен е за светец, а моштите се донесени во Белград, каде турски паша ги запалил, со цел да го запали и духот на православниот српски народ. На тоа место сега е подигната најголемата православна црква - Свети Сава.