Мени

Свети Сава неработен за Србите

26.01.2011 11:14 | KumanovoNews

 Празникот Свети Сава е неработен за граѓаните од српска националност.

Свети Сава неработен за Србите

Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ  утре, Свети Сава, е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.  

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните припадници на српската заедница, им го честита празникот.