Свети Сава одбележан и во “Браќа Рибар“
27.01.2014 16:12
| KumanovoNews
Приредба за Свети Сава денеска имаше и во основното училиште “Браќа Рибар“ во с.Табановце.
Беседа за Свети Сава одржа в.д директорот на училиштето Розита Благојевиќ, која ја истакна значајната улога на овој просветител и светител во областа на образованието и во религијата.
Приредбата беше збогатена и со доделување на награди и дипломи од распишаниот литературен и ликовен конкурс во училиштето на тема ,,Свети Сава - наша слава,,. Наградени беа: Марко Петровиќ прво место, Анастасија Петковска е втора и Павел Стојановиќ трето место за ликовен конкурс од одделенска настава.
За ликовниот конкурс најдобри беа: Јелена Радиќ , Стефан Петрушевиќ и Бојан Нисиќ . За литературен конкурс беше наградена Миљана Тасовска. Наградените ученици добија книги и дипломи.
На настанот присуствуваа голем број ученици, родители и наставници.