Мени

Свежо цвеќе во спомен на Карпош

07.02.2014 12:44 | KumanovoNews

Со положување на свежо цвеќе пред Спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош денеска беа одбележани 70 години од загинувањето на херојот.

Свежо цвеќе во спомен на Карпош

Цвеќе положија делегации од општината, политичките партии, боречките организации од Куманово и Скопје, делегации од Врање и Бујановац, претставници од АРМ, ОУ“Христијан Т.Карпош“, градинката, армиски и полициски ветерани и други.

Со едноминутно молчење присутните му одадоа почит на Карпош, а ученици од ОУ“Христијан Т.Капош“ прочитаа творби за ликот и делото на херојот.

Борците го паметат Карпош како исклучително храбар човек и добар другар.

Младите генерации треба да знаат дека Карпош беше млад човек, строг, умен, знаеше да ни нареди на нас младите како да помагаме на стари изнемоштени луѓе, да носиме храна за партизани, болница сме одржувале во Рамно. Од нас беше постар и беше неизмерен другар, таков човек не може да се замени - рече Косара Георгиевска, член на Сојзу на борци Куманово.

Тодор Атанасовски, претседател на Сојуз на борци на Македонија ги обвини надлежните дека недоволно се грижат за историјата и кажа дека историјата не е приватна работа.

 Карпош е војвода и животот го дал за национална слобода, да се дојде до сопствена држава. Таа држава е истата која денеска ја имате и вие. Јас сум помлад учесник од командантот Карпош, се познавам со брат му и другите кумановци. Нерасположен сум што некои ни го применија системот, ама нив ги нема овдека да си ја почитуваат историјата, не мојата и твојата, туку историјата на својот народ - изјави Атанасовски.

Тој вели дека ниту еден народ нема само розова историја, но за да ги зачуваме корените треба да ја почитуваме својата историја.