Свикан општинскиот штаб за заштита и спасување
Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска оддржа состанок на кој се дискутираше за опасноста од поплави и како да делуваат за нивно спречување.
Членовите на штабот констатираа дека на критичните точки речните корита треба со механизација да бидат исчистени.
Под итно ќе побараме нафта дополнително од Влада или од Дирекција за заштита и спасување и да влезат машините првенствено во делот од Средорек кон Којнаре во должина од 3 - 4 км. Во село Доброшане над игралиште имаме еден сериозен бедем кој може да попушти. Да сме ние како штаб мобилни постојано, да ги следиме овие состојби како и да се зајакне присуство на механизација кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце - вели Зоран Павловски, командант на штаб за заштита и спасување.
Два багери од Дирекција за заштита и спасување веќе се на терен на потегот меѓу селата Довезенце, Бељаковце и Јачинце и кај Пелинце.