Мени

СВР-Куманово апелира за безбедни празници

22.04.2011 09:53 | KumanovoNews

 Во пресрет на  големиот христијански празник Велигден, од полицијата ги повикуваат граѓаните да го дадат својот придонес за поголема безбедност во градот.

СВР-Куманово апелира за безбедни празници

 „Во вакви услови на зголемена концентрација на луѓе на одреден простор присутна  е појава на кражби не само на новчаници и пари од граѓаните, туку и кражби на вредни предмети од возила кои се незаклучени, отворени прозорци и сл. Се потсетуваат граѓаните  на поголема внимателност на платежните средства и да не оставаат вредни предмети на видни места во возилата„- велат од СВР Куманово.

Од полицијата посебно ги повикуваат граѓаните да внимаваат во:

Во маркетите, пазарите и други места каде има задржување на поголем број на граѓани. Да се посвети поголемо внимание при ракување со парични средства и платежни картички како не би биле ограбени или измамени,

- Да не се доведуваат во алкохолизирана состојба и да предизвикуваат било какви инциденти,

- Да не  возат под дејство на алкохол,

- Да не ги паркираат своите возила на велосипедски патеки, тротоари кои се наменети за пешаци, на прекршителот ќе му се изрече  глоба во износ од 45 евра во денарска противредност,

- да не ги оставаат возилата на коловозна лента со што го забавуваат и попречува сообраќајот,  на прекршителот ќе му се изрече глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност,

- такси превозниците да ги почитуваат прописите во однос на паркирање додека чекаат патници, каде се земаат патници и каде истите да се оставаат водејки сметка пред се за нивната безбедност и за нормалното непречено одвивање на останатиот сообраќај,

- да не поставуваат тезги и вршат продажба на сообраќајна површина.