СВР: Внимателно со бадникарските огнови
СВР Куманово, во пресрет на верските празници Бадник и Божиќ ги повикува граѓаните да внимаваат на својата, и безбедноста на другите за време на верските обичаи, палење на бадникарските огнови.
При палење на коледарските огнови да се внимава на палење и силина на огнот како не би дошло до насакани опожарувања и оштетувања на околината како и изгореници и други последици по присатните, да не се употребува огнено оружје, да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства кои го нарушуваат мирот и безбедноста, да не се доведуваат во алкохолизирана состојба и да предизвикуваат било какви инциденти, и да не возат под дејство на алкохол.
СВР Куманово ке ги превземе сите законски мерки и овластувања со цел за уредно одржување на ЈРМ и безбедност на граѓаните.
Апелираме до сите граѓани за пријавување на било какви негативни забележувања на бројот 192 кој е бесплатен и дваесет и четири часа достапен.