Мени

СВР: За празниците внимавајте на кражби, сообраќајки и алкохол

29.12.2012 09:55 | KumanovoNews

 Од СВР Куманово апелираат до граѓаните за новогодишните празници да бидат претпазливи за својата безбедност и да не го го загрозуваат јавниот ред и мир.

СВР: За празниците внимавајте на кражби, сообраќајки и алкохол

 На големите собири да се заштитите од кражби, да внимавате на паричниците и на измамите со платежни картички. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи особено не возете под дејство на алкохол. Воздржете се од неовластена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства не само заради законските последици туку пред се заради можните последици кои може да настанат. При оддалечување од дома обезбедете го вашиот имот или оставете лице кое ќе внимава како не би дошло до кражба. Заклучувајте ги возилата и не оставајте вредни предмети во вашите возила на видно место. Апелираме до родителите за поголема будност и влијание кон своите малолетни деца во однос на употреба на алкохол и присуство во угостителски објекти по 24 часот - се вели во соопштението на полицијата.

Угостителите треба да ја почитуваат забраната и да не точат алкохол на малолетници. Сите нарушувања на јавниот ред и мир граѓаните треба да ги пријават на 192.