Танцовите двојки од Динамик ги чекаат натпревари
23.11.2012 10:41
| KumanovoNews
Танцови двојки од клубот “Динамик“, до крајот на годината ги очекуваат два натпревари за бодување на државно првенство.
Двете натпреварувања се во декември, а ќе учествуваат десет танцови двојки од клубот.
Бодувањето трае во текот на целата година. Со бодувањето се одредува категоријата на танцовата двојка, а во февруари обично се оддржува државното првенство во латино и стандарни танци. Како што напредувааат танчерите така имаат поубава и посложена кореографија.
Танцовиот клуб “Динамик“ постои над 25 години, низ него поминале околу 5.000 членови, а моментално клубот брои 60 члена од кои дел се натпреваруваат, а останатите само рекреативно ги изучуваат танците.