Мени

Техничкото училиште го слави патронатот

13.10.2011 14:32 | KumanovoNews

 Со свечена приредба и полагање на цвеќе, денеска беше одбележан патрониот празник на техничкото училиште „Наце Буѓони„. Претставници од политичкиот, општествен и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици присуствуваа на прославата.

Техничкото училиште го слави патронатот

На гостите им се обрати директорката Лидија Михајловска.

Денеска се навршува 51 година од постоењето на училиштето. Продолжуваме со вредна и квалитетна работа на нашиот наставен кадар и учениците. Последнава година беше интензивна со активности, а така ќе продолжиме и во наредниот период. Бевме домаќини на неколку државни натпревари и тоа го направивме многу квалитетно. Продолжуваме и со реновирање на внатрешноста на училиштето, а во тек е и изградбата на атлетската патека, кој треба да биде готова до празникот на градот. Истоа така до нова година очекуваме да започне со изградбата и спортска сала, проект на владата- рече директорката.