“Толи Зордумис“ слави 52 години постоење
Основното училиште “Толи Зордумис“, денеска одбележува 52 години постоење и успешна работа.
По тој повод делегација од училиштето и од општина Куманово положи свежо цвеќе пред бистата на патронот во училишниот двор, а потоа имаше пригодна културно - уметничка програма.
- Нашето училиште е мултиетничко, односно настава се изведува на два наставни јазика, на македонски и албански јазик. По тој повод како училиште сме вклучени во многу проекти со мултиетнички карактер. И оваа година нашето училиште забележа голем успех за што јас како директор сметам дека годината успешно ја завршуваме. Потврда за тоа се и многуте награди на општински, регионални и државни првенства. И понатаму ќе ги следиме сите современи текови во наставата - изјави директорот Бобан Ѓорѓиевски.
Во “Толи Зордумис“ се образуваат околу 600 ученици распоредени во 45 паралелки.