Тони Трајановски по вторпат го фати крстот во Стара црква
Тони Трајановски (26) од населба Ајдучка Чешма денеска го фати светиот крст во црквата “Свети Никола“.
Тој и минатата година беше најсреќен од останатите момчиња, и на истото место го фати крстот. Не се откажува и во иднина планира да скока по крстот за Водици.
- Чувството е прекрасно. Јас втор пат скокам по крстот и лани и сега го фатив. Многу сум среќен заради тоа. Секако дека беше среќна годината, се надевам дека и оваа ќе биде среќна. Очекувам здравје, среќа, имаме желби неисполнети и очекувам оваа година да се исполнат - вели Трајановски.
На Трајановски, слика и членска книшка му подарија од здружението “Коледари“.
- Оваа година му дадовме слика од нашиот познат уметник Гоце Божурски и членска карта од “Коледари“. Со ова се вклучуваме во прослава на Водици. Оваа година е 14 - та како постои здружението и исто толку пати се вклучуваме во прославата - рече Горан Илиќ од “Коледари“.
Среќното момче доби вредни награди од спонзорите.