Траат уписите за првачиња
17.05.2013 12:28
| KumanovoNews
Во основните училишта во тек се уписите за првачиња, кои ќе трајат до крајот на летото.
За разлика од порано сега родителите имаат обврска да приберат пообемна документација.
Уписот е актуелен во нашето и во сите други општински училишта. Ниедно дете нема да биде изоставено. Уписот продолжува и по завршување на овој месец. Порано децата се запишуваа само со извод, сега треба картонче за вакцинација и картонче од забен лекар - изјави Марина Манојловска, директор на ОУ“Браќа Миладиновци“.
Пообемна документација за упис на првачиња се практикува од минатата учебна година.