Трае бојкотот на наставата во Речица
09.05.2013 15:01
| KumanovoNews
Родителите од селото Речица три дена не ги пуштаат децата на училиште и бараат да се постават лежечки полицајци, и да се подобри безбедноста во сообраќајот во селото.
Бојкотот на наставата започна пред празниците, откако во тешка сообраќајна несреќа беше повреден десетгодишниот Немања Стаменковиќ. Додека детето се враќало од училиште во него удрил автомобил со кој управувал возач од Ваксинце.
Родителите цврсто стојат на ставот дека нема да попуштат додека не се исполни нивното барање.
Од ОУ „11 Октомври“ велат дека родителите најавиле дека и во наредните денови нема да ги пуштат децата на настава.