Трае забраната за лов на дивеч
Во тек е забрана за ловење на секаков вид дивеч, а по неколку месеци ќе биде дозволен отстрел само на прелетен дивеч.
Ловците велат дека периодов дивечот се пребројува во ловиштата, се врши преселување, се проверува дали некој од животинските видови е загрозен доколку бројот на единки е намален.
Се согледува бројната состојба на терен. Доколку некој вид во едно ловиште го нема, може да се направи преселување и да се донесе од друго место. Во овој период дивечот е во фаза на парење и размножување. За фазан, еребица, преперка потребен е кафез, каде што ќе се изведат малите. На зајаците такво нешто не им треба, туку зајакот може да биде фатен во мрежа и да биде преселен - вели Јовица Стојиќ, член на ловечко друштво “Шчипоња“.
Тој додава дека ловците се придржуваат до препораките да нема отстрел на дивеч бидејќи законот предвидува строги казни.