Мени

Трансфузиологија од есен во нова зграда

24.06.2014 08:00 | KumanovoNews

При крај е изградбата на објектот каде ќе биде сместено Одделението за трансфузиологија при Општа болница Куманово.

Трансфузиологија од есен во нова зграда

Според надлежните се очекува за месец дена вработените да почнат со работа во новиот објект.

   - Не може точно да се предвиди, но за еден месец ќе биде објектот готов и по одморите сигурно ќе бидеме преместени таму. Зградата се прави на старите темели. Таа е нова, ќе има современа опрема внатре што е многу важно. Вода, струја, изолација се е ново. Површината на објектот останува иста, но условите ќе бидат многу подобри - велат трансфузиолозите.

Во меѓувреме трансфузиолозите работат во Ургентен центар при Општа болница Куманово.