Мени

Трансфузиологија со доволни количини крв

15.08.2013 11:00 | KumanovoNews

 Во Заводот за трансфузиологија при Општа болница Куманово имаат доволен број на крвни единици од сите крвни групи,  и покрај тоа што во летниот период потребите се зголемени.

Трансфузиологија со доволни количини крв

Се трудиме постојано да го имаме потребниот број на крвни единици. Оние кои сакаат да даруваат крв можат да се обратат во службата на трансфузија од 8 до 14 часот секој ден. Кумановци имаат навика самоиницијативно да дојдат и да даруваат крв. Одзивот е голем и месечно од доброволци се собираат стотина крвни единици. Ја следиме состојбата, ако ни затреба викаме на повик крводарители или бараме помош од Скопје. Тоа е моментална состојба и се менува постојано - вели Лилјана Славковска, трансфузиолог.

На денешната вонредна летна крводарителска акција во Центарот за култура за само два часа се добрани 30 единици крв.