Мени

“Трето полувреме“ со одличен старт

07.12.2012 15:51 | KumanovoNews

 Македонскиот филм “Трето полувреме“ синоќа премиерно беше прикажан во Младинскиот културен центар “Козјак“ во 19 и 21 часот. Филмот кој се бори за Оскар побуди голем интерес кај кумановската публика.

“Трето полувреме“ со одличен старт

- Стартот беше одличен. Посебно за во 21 часот немаше празно место во салата. Сега филмот сам се рекламира и деновиве очекуваме голема посетеност. Имаше и солзи бидејќи филмот е емотивен и љубителите можат да доживеат незаборавни моменти со тоа што на големо платно ќе го видат филмот. Филмот обработува тема од поновата македонска историја, а во него глумат четворица наши актери, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Горан Илиќ и Митко Апостоловски кој е натурализиран кумановец бидејќи долго време живееше и работеше во Куманово. - вели Мирослав Крстевски, управител на МКЦ “Козјак“.

Филмот “Трето полувреме“ ќе се прикажува до четврток, но доколку постои интерес можно е да игра и наредниот викенд.