Мени

“Трето полувреме“ вечерва во Центарот за култура

10.04.2013 12:51 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва ќе игра филмот “Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

“Трето полувреме“ вечерва во Центарот за култура

Филмот ќе се прикажува во големата сала со помош на проекторот кој Министерството за култура го додели на оваа институција. Со донирањето на дигиталниот проектор целта е да заживее филмската дејност, а публиката да ужива во домашните, европските и светските филмски остварувања.

Емитувањето на “Трето полувреме“ почнува во 20 часот.