Мени

Тргната приколката „Пелистерка„

27.09.2011 10:56 | KumanovoNews

Вчера попладне, експресно беше тргната шанк-приколката од Градскиот плоштад, откако беше објавен текстот дека тука стои со недели.

Тргната приколката „Пелистерка„

Сопственикот на фирмата се јави во редакцијата на Кумановоњуз, и појасни дека тие легално го поставиле шанкот, откако платиле во Општината да стои за време на одржувањето на Тамбурашкиот фестивал и Рома труба фест. Но поради тоа што очекувале дека ќе има некоја слична манифестација и за 11 Октомври ја оставиле приколката на плоштадот. При тоа вети дека веднаш  ќе ја тргне за да не смета на граѓаните.