Мени

Трговија на мало најатрактивна за бизнис?

25.08.2014 13:21 | KumanovoNews

Кумановци најчесто отвараат фирми кои се занимаваат со трговија на мало.

Трговија на мало најатрактивна за бизнис?

Во период од 15 јули до 15 август во Куманово се регистрирани 37 фирми меѓу кои доминира трговија на мало со облека и угостителски објекти за послужување на храна, покажуваат податоците на Централниот регистар на Македонија.

Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени на Македонија вели дека трговијата на мало е најлесен начин да се отпочне бизнис бидејќи не бара поголема инвестиција.

„Трговијата на мало бара мал трошок за да се отпочне со работа. Вложувањата се мали, не се вложува многу во знаење и во вработени. Едноставно наоѓаат поефина гардероба, ја продаваат поскапо и тоа се лесно заработени пари. За угостителски објекти и послужување на храна, треба да се направи истражување претходно дали тоа и недостига на околината. Ако има 20 такви дуќани, зошто ние да бидеме 21 - ви, за да го делиме колачот? Тоа не е добро“ - рече Дисоска.

Taa смета дека при отварање на нови бизниси претприемачите треба да се водат од потребите на граѓаните, да бидат оригинални, и да го понудат она што во градот го нема.