Мени

Трибина за насилство врз жената

26.11.2012 15:15 | KumanovoNews

 Здружението на жени “Кумановка“ и Националната мрежа за семејно насилство, утре напладне ќе организира трибина на тема “Насилството врз жената - карактеристика на македонското општество“.

Трибина за насилство врз жената

На трибината ќе се одржи презентација, а на присутните ќе им се обрати Виолета Петровска од здружението “Кумановка“, која ќе зборува за локалните потреби на жените.

Трибината ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Куманово.

Овие активности се дел од кампањата “16 дена активизам против насилството врз жената“.