Трибина за Законот за спречување и заштита од дискриминација
21.11.2011 10:58
| KumanovoNews
Во поранешен Комитет утре ќе се одржи тркалезнам маса на тема „Закон за спречување и заштита од дискриминација“ како дел од проектот „Стоп за двојна дискриминација“.
Проектот се реализира од страна на ЦРЗ “ДРОМ“ – Куманово со финансиска подршка од страна на UN и UNDP.
На тркалезната маса ќе учествуваат претставниците од: локалната самоуправа, НВО, како и граѓаните од општина Куманово за да стекнат поголемо знаење за Законот за спречување и заштита од дискриминација и неговата имплементација.