Триесет кумановци ќе посетуваат обука за прекфалификација
Во техничкото училиште Наце Буѓони денеска отпочна проект за прекфалификација на триесетина невработени лица за аргон заварувачи, електро монтери за индустриски објекти и електро монтери за стамбени објекти.
Наставниот дел дел ќе трае 3 масеци, а уште толку практикантите ќе поминат практична обука во фирми. На промоцијата присуствуваше директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Се работи за луѓе кои имаат средно образование и познавање на одредени вештини. Новото време бара поискусни и квалификувани лица кои ќе работат на објектите и ќе гарантираат нивна безбедноста. Заварувачите се најбараниот кадар не само на македонскиот пазар туку и пошироко. Сертификатот што го издаваме е одобрен од Министерството за образование и може да се користи и надвор од државата. Ние ќе продолжиме со ова темпо и се надевам дека повеќето од нив добро ќе го совладаат курсот и нема повеќе да бидат на Бирото за вработување-рече Поповски.