Мени

Tројца болни од жолтица во кумановско за половина месец

26.08.2014 09:13 | KumanovoNews

Само три случаи на болни од жолтица од типот А е регистриран на подрачјето на Куманово во последниве две недели, регистрирале од Центарот за јавно здравје Куманово .

Tројца болни од жолтица во кумановско за половина месец

 “Заболените се на возраст од 13 до 23 години.  Редовното оддржување на личната и општата хигиена е исклучително значајно за превенција од оваа заболување, што подразбира темелно миење на раце пред секое јадење и по одење во тоалет, оддржување на хигиената во домот, особено санитарните јазли, а се препорачува да не се пие вода од локални извори, бунари„ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Се преземаат мерки на терен за едукација на населението и се прави дезинфекција на сите училишта.