Мени

Тројца кумановци побарале помош од Меѓаши

18.07.2013 09:39 | KumanovoNews

 Тројца кумановци во текот на мај и јуни се јавиле во Првата детска амбасада Меѓаши и побарале помош за нивните деца.

Тројца кумановци побарале помош од Меѓаши

Граѓаните се јавиле за проблеми со старателство, видување на родител со дете и загрозување на животот на децата како резултат на несоодветна инфраструктура. Бесплатната правна служба се обрати до соодветните институции. Пружена е  соодветна психолошка помош и поддршка на барање на дојавувачите - велат од Меѓаши.

Се работи за возрасни граѓани, две жени и еден маж кои имале потреба од помош во Меѓаши.