Тројца повредени и 6 препиени во Куманово
Тројца повредени во тепачка и 6 затруени од алкохол е црниот биланс во новогодишната ноќ бо Куманово
Едно лице е потешко повредено, а две полесно во тепачки што се случиле во текот на новогодишната ноќ во Куманово. На хируршкото одделение во Општата болница во Куманово биле донесени три помлади лица со повреди задобиени во пресметка.
Имавме доста работа за новогодишната ноќ. Имаше луѓе што претерале со јадење, луѓе повредени во тепачка. Едно од повредените момчиња поради сериознаоста на повредите итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Пациентот имаше повреда на главата. Останатите двајца повредени по укажаната помош беа пуштени дома. Во текот на ноќта имаше и десетина пациени кои се пожалија на прејаденост- вели др. Стефан Трајановски, дежурен хирург на Хируршкото одделение.
На интерното одделение помош побарале 26 лица, од кои 6 поради предозираност со алкохол.
Се работи за 5 машки и едно девојче кои беа затруени со алкохол. Сите се млади деца на возраст од 14 до 16 години. На сите им е укажана помош и пуштени се дома- информираат од интерното одделени.
И од Брза помош информираат дека имале бурна и напорна ноќ со многу работа. Нивните екипи извршиле 25 домашни посети и 15 интервнции на терен.
Едно лице беше повредено во око од огнометот. Додека гледало нагоре му паднало парче од испуканите ракети. Го пренесовме на очното одделение заради понатамошно лекување. 5 интервенции на интоксицирани со алкохол, една тепачка. Немаше сообраќајки - вели др. Марија Бајдевска.
Повредените во тепачката и оние во алкохолизирана состојба биле однесени на одделнијатата.
Во Брза помош има невидена гужва поради тоа што за празниците не работат матичните лекари.