Турски гимназијалци во посета на “Гоце Делчев“
25.03.2014 15:05
| KumanovoNews
Целта на посетата е размена на искуства, запознавање на нашата култура, обичаи, образовен процес и знаменитости.
Во посета доаѓаат 19 ученици, 4 професори и директорот на училиштето. Учениците ќе се дружат, ќе бидат на настава, а професорите по македонски јазик ќе направат напори да видат колку турски зборови има во кумановскиот дијалект. Тие ќе ги посетат знаменитостите во Куманово, ќе ги одведеме да ја видат Шарената џамија во Тетово, Старата чаршија во Скопје - вели Љубиша Николиќ, директор на “Гоце Делчев“.
Двете училишта се збратимија лани во мај и тогаш делагација од “Гоце Делчев“ беше во посета на Киркларели.