“У кафанче карши Станче“ ќе игра во Неготино
24.03.2014 12:08
| KumanovoNews
Со кабаретната претстава “У кафанче карши Станче“ кумановските пензионери ќе се претстават во четврток во Центарот за култура во Неготино.
Се работи за комедија на кумановски дијалект која е работена по текст на нашите членови Новко Петрушевски и Миланка Зафировска. Игра екипа од 15 актери. Настапот ќе се реализира по повод одбележувањето на Денот на театарот - изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Претставата “У кафанче карши Станче“ досега е изведувана вкупно 6 пати и тоа еднаш во Пробиштип и повеќепати во Куманово.