Ученици мереа притисок на старите лица во “Зафир Сајто“
08.05.2014 11:15
| KumanovoNews
Учениците од здравствената струка од техничкото училиште “Наце Буѓони“ денеска мереа притисок и шеќер во крвта на повеќе од седумдесет стари луѓе сместени во домот “Зафир Сајто“.
- Учениците се трудат да помогнат при унапредување и чување на здравјето кај старите лица. Оваа недела ќе ја одбележиме соодветно бидејќи нашите ученици се идни медицински сестри - вели Магдалена Трајановиќ, професор по здравствена струка предмети.
Оваа акција се прави по повод 12 Мај - Светскиот ден на медицинските сестри.