Мени

Ученици од “Киро Бурназ“ на обука во Италија

21.01.2013 12:43 | KumanovoNews

 Ученици од повеќе профили од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“, престојуваат на обука во Италија заедно со двајца наставници.

Ученици од “Киро Бурназ“ на обука во Италија

Обуката е во тек и ќе трае 21 ден. Учениците се заминати во Италија на Сицилија, во рамки на проектот Леонардо Да Винчи финансиран од Националата агенција на Република Македонија. Добивме 30.000 евра кои ќе бидат искористени за обука на учениците на работно место. Ова е по концептот за доживотно учење. Средношколците ќе стекнат повеќе практични знаења, искуства од земја која е членка на ЕУ - изјави директорот Горан Јовановиќ.

Слична обука училиштето “Киро Бурназ“ има реализирано претходно во Словенија.