Ученици од музичкото училиште најдобри на натпреварување во Кавадарци
На меѓународниот натпревар на камерна музика во Кавадарци, ученици од музичкото училиште “Панче Пешев“ освоија две први места.
- Настапивме со две дуа пијано - виолина, виолинистите се од мојата класа, а пијанистите се од класата на професорката Јасмина. Во првата катогорија настапија нашите ученици Наоми Георгиевска и Христијан Богдановски и го освоија највисокото прво место. Во таа категорија сме победници, а во втората категорија настапија нашите ученици Ирина Трајковска и Меланија Кралевска и тие победија. Отидовме со две дуа, се вративме со две први места. Не оценуваа професори од Албанија и Хрватска - изјави Ријана Рамиз, професор по виолина.
За натпреварот учениците се подготвувале два месеци. Во конкуренција беа учесници од Македонија, Албанија, Србија.
- За нас како професори тоа е голема сатисфакција што се враќаме со награди, а за децата е голема радост. Целата работа е крунисана со награда и успехот е тука. Ќе се подготвуваме за државен натпревар за клавир во април, има камерни натпревари во Врање, Србија, Арангеловац. Најверојатно и таму ќе се претставиме - објаснува Јасмина Наскова, професор по пијано.
Натпреварот во Кавадраци се оддржува по трет пат, а ученици од музичкото “Панче Пешев“ на оваа манифестација учествуваа по втор пат.