Мени

Ученици од „Наце Буѓони“ се вратија од Швајцарија

19.08.2014 15:20 | KumanovoNews

Тринаесет ученици од “Наце Буѓони“ од 1 до 14 август беа на интеркултурен летен камп во Троген, Швајцарија.

Ученици од „Наце Буѓони“ се вратија од Швајцарија

Младите учествуваа на работилници за детски права, антидискриминација и разрешување конфликти, а она што таму го научија треба да го применат во своите средини.

Учениците од нашето училиште во септември ќе ги реализираат акционите планови во училиштето и со тоа ќе придонесат нивните врсници подетално да се запознаат со детските права. Како се распознава дискриминација врз дете, начинот на разрешување на конфликт во училиште помеѓу ученик-ученик и ученик-професор. Со овие активности ќе се зголемат и активностите на клубот за промовирање на недискриминација во училиштето, кој постои веќе три години и активно работи  - изјави Лидија Илијевска, социолог во училиштето.

На летниот камп имаше 120 млади од Македонија, Србија и Молдавија, кои имаа можност да стекнат нови знаења, да се дружат и да ги посетат Луцерн, Цирих, Сен гален, Констанц, Вил и Боденско езеро.